Чоколадата ја топиме на пареа со 6 лажици масло. Медените срца ги сечеме на поситни коцки и ги оставаме во сад на страна. Во садот го додаваме медот, циметот, сецканите ореви и бисквитите и со растопеното чоколадо замесуваме тесто. Тестото го истураме на тава обложена со најлонска фолија и го оставаме да се стегне во фрижидер. Потоа со нож потопен во ладна вода ги сечеме коцките.
Чоколадото за глазура го топиме со 5 лажици масло и ги чоколадираме една по една коцките...Украсувањето е по желба јас ставав половинка јатка од орев потопена во малку чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови