Кога бев дете мајка ми често правеше мајонез. Се сеќавам само дека маслото го додаваше „капка по капка“ и дека матењето траеше долго. Со напредувањето на технологијата, денес еве и јас посакав еднаш да се опробам со свој направен рецепт за мајонез, кој беше готов за помалку од 5 минути. Да живее бледнерот!

Сите состојки се ставаат во една тегла. Блендерот се става на дното од теглата и почнува да се блендира. Веднаш, за кратко време веќе од газерот започнува коегзистенцијата на изглед на мајонез. Битната финтица е дека се блендира од газерот на теглата, па откако ќе згусти на тој дел се крева полека, постепено на горе, се додека не се спои цело масло во изглед на мајонез. На крајот можи да го движите блендерот по потреба горе-долу, а никако странично или кружно.
На крај, се промешува со лажица, се проверува вкусот, па се затвора теглата и се чува во фрижидер. Рокот на траење е неколку дена, до најкасно една седмица.

Покрај финтицата за блендирање, битно е исто така да се користат свежи јајца, кои пред блендирањето мора да се оставени обавезно на собна температура за да се успешно се направи. За мене исто така е многу битен и изборот на маслото, бидејќи од неговиот квалитет ќе зависи и вкусот на самиот мајонез. Внимавајте и каков сенф ќе користите и од него би требало да зависи колку полна или попразна ќе е лажичката со сол. Мојот веројатно ќе да беше и солидно солен, па испадна малку повеќе со сол од посакуваното.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови