5
ное
2020
Мафини со портокал
Превкусни мафини со чоколадо и портокал!
Во сад се ставаат брашното, шеќерот, ванилата и печивото.
Во друг сад ги ставаме сите влажни состојки и ги мешаме.
Влажните состојки ги додаваме кај сувите и убаво матиме со миксер додека се изедначи смесата. Ги додаваме чоколадните капки и кората од портокал и мешаме.
Хартиени корпи(12) ставаме во калапот за мафини и до половина ги полниме со смесата. Декорираме со чоколадни капки.
Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 15 до 20 минути односно додека мафините не добијат златно кафеава боја.
Оставете малку да се оладат и послужете!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мафините ми се некако најлесен и најубав десерт.