Мафини со боровинки
Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Во модла за 12 мафини ставете хартиени корпиња.
Сите состојки за тестото, освен боровинките, ставете ги во длабок сад и изматете добро со миксерот. Треба да добиете доста густа, леплива смеса. Додадете ги боровинките и измешајте внимателно со лажица или шпатула. Со помош на две лажици ставајте од смесата во хартиените корпиња. Се пече 25 минути на долната третина од рерната.
За топингот, крем сирењето измешајте го со двете врсти на шеќер и сокот од лимон. Во друг сад цврсто изматете ја слатката павлака па додадете го крем сирењето. Со оваа смеса украсете ги мафините и одозгора ставете ги боровинките.
Напомена - во мафините може да ставите и замрзнати боровинки, не мора претходно да ги одмрзнувате.
Лиценца: Сите права се задржани