1. Јајцата се ставаат во длабок сад , се матат со миксер, заедно со шеќерот додека да се добие пенеста смеса.

2. Во изматените јајца се додава масло и јогурт, се промешува со лажица. Постепено се додава брашно, мешајќи да не се создадат грутчиња. Се додава пециво и какао и повторно се промешува.
3. Во калап за мафини се ставаат хартиени корпи. Со смесата се полниме до 2/3 . Во секоја мафина се става по неколку коцки сецкано чоколадо. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Ќе ги проверите во зависност од рерната.
4. Откако ќе се испечат се оставаат да се изладат.
5. Црно чоколадо со ½ лажиче масло се топи на пареа. Стопеното чоколадо се става во најлонче на кое се пресекува врвот. На хартија за печење се прават формите, најпрвин ја правиме главата, јајцевидна, а потоа и ушите. Оставаме да се стврдне. Се топи бело чоколадо со ½ лажиче масло. Со остро дрвено стапче се зема, по малку, од белото чоколадо и се формираат очите. Откако ќе се здрви белото чоколадо, во средина на белото, се става мала точка црно чоколадо.
6. Во длабок сад се става млеко, се додава шлагот. Се мати со миксер да се добие цврста пена.
7. Врз секоја мафина се става, со лажица, купче шлаг во средина и се распределува, неправилно. Не треба да биде мазно и секаде исто. Од предната страна на шлагот се става од чоколадната форма која ја направивме.

• Шолјата е со големина од 250 мл. Јас направив пола доза од која добив 12 мафини.
• Внатре може да ставите по желба рендана кора од портокал, да ставите во средина наместо сецкано чоколадо по ½ лажиче еурокрем или мармалад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани