24
ное
2014
Мармалад од јапонски јаболка
Извадете го месото од јапонските јаболка со лажичка, изблендирајте и додајте ги во тава со сокот од лимон и шеќерот. Ставете го да се вари мешајќи го често барем еден час додека мармалдот не ја добие потребната густина.
Откако ќе се излади може да го послужите таков со како мус, со салдолед од ванила или уште додека е топол да го соберете во теглички. Топлите теглички превртете ги и остајте ги да се изладат. Теглите чувајте ги на ладно и темно место. Како мармалад рокот на траење му е 1 година.
Ако сакате по желба додека се вари додајте му и едно стапче ванила и нека се вари со него, а потоа остранте го, мене така ми има поубав вкус.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Vaka, mozam da zamislam! Ke se proba!