Ова е рецепт за корисен мармалад, без шеќер и без варење, а овошјата може да бидат по
ваш вкус, малини, капини, аронија итн.
Подготовка
Боровинките, чиа семето заедно со медот ги ставаме во Нутрибулет и мелеме додека да
се измазни смесата. Одложете го во некоја тегличка или веднаш конзумирајте го.
Забелешка: Овој здрав мармалад, може да остане 2-3 дена во фрижидер, ама бидејќи е
мала количина би требало крајот да му го најдете за брзо време.
Исто така може да го направите со овошје по желба, а за неговата сладост нема да
дискутирам, блажината му ја правите по вкус. Чиа семето може да го сомелете до прав и
пред да го соедините со овошјето. Најдобро е да се направи со свежо овошје, ако
користите смрзнато во тој случај одмрзете го и одстранете ја течноста што ќе ја пушти.
Во овој рецепт користев мед како засладувач, ако сте вегани искористете друг
засладувач за да го заблажите.