Начин на подготовка
1. Во поголемо тенџере ставете 1 литар и 300 мл вода. Во водата додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Оставете да проврие. Откако водата ќе проврие додајте го таанот и оризот. На умерена температура, со повремено мешање, варете го оризот.
2. Пудингот растворете го во преостанатите 200 мл ладна вода. Откако оризот убаво ќе омекне и ќе се згусти, 5 мин пред крај, додајте го разматениот пудинг. Варете уште многу кратко додека сутлијашот не ја добие потребната густина.. Во готовиот ориз, ставете ги ситно сецканите парчиња праски од компот. Убаво измешајте и сервирајте го десертот.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови