Ова е едно јадење што често се приготвува во манастирската кујна-магерница на Бигорски манастир. Ние како семејство сме чести гости кај нив па го позајмивме рецептот
Најпрво се варат компирите. Откако се тврдо сварени се рендаат на покрупната страна од рендето. Се оставаат да изладат. Во друг сад на страна се ренда сирењето и печурките. Сите состојки се мешаат заедно, по желба во добиената смеса може да се стават сецкани перца од млад кромид, парченца маслинки, буковка или некој друг зачин. Се посолува смесата со сол и мешан сув зеленчук и се формираат плескавици. Од оваа смеса излегуваат околу 10 плескавици. Се потопуваат во разматени јајца и презла или пченкарно брашно. На крај се пржат на загреано масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови