Многу вкусен пред се, а потоа секако и ефтин и брз за правење. Не се ни забележува дека е посен колач од убавината што ја има, мирисот и вкусот на овој колач едноставно те мами на уште едно парче. Топло ви го препорачувам, нема да погрешите ако го направите.

Подготовката е едноставна, сите состојки ги миксираме до добивање на еднолична смеса. Оваа смеса ја истураме врз хартија за печење ( или ако постите со зејтин во намрсено, па набрашнето тавче (број 28) и печеме на 190 степени околу 30 минути, но сепак проверете со чачкалица). Веднаш премачкуваме со мармалад, па одозгора ставаме ореви (мелени или сецкани - по ваш вкус).

Забелешка
Оригиналниот рецепт е само со мелени ореви во смесата за колачот, јас ставив пола мелени, пола сецкани и според мене не погрешив.
Мармалад може да ставите по ваш вкус или едноставно каков и да имате во моментот, јас ставив од кајсии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови