Испечати

Манастирски плескавици

Манастирски плескавици

Состојки

  • основна смеса
  • 600 гр варени компири
  • 150 гр полномасно сирење
  • 100 гр свежи шампињони
  • по желба перца од млад кромид. парченца маслинки, лук во прав, буковска пипер
  • за поховање
  • 2 јајца
  • по потреба презла или пченкарно брашно

Подготовка

Ова е едно јадење што често се приготвува во манастирската кујна-магерница на Бигорски манастир. Ние како семејство сме чести гости кај нив па го позајмивме рецептот
Најпрво се варат компирите. Откако се тврдо сварени се рендаат на покрупната страна од рендето. Се оставаат да изладат. Во друг сад на страна се ренда сирењето и печурките. Сите состојки се мешаат заедно, по желба во добиената смеса може да се стават сецкани перца од млад кромид, парченца маслинки, буковка или некој друг зачин. Се посолува смесата со сол и мешан сув зеленчук и се формираат плескавици. Од оваа смеса излегуваат околу 10 плескавици. Се потопуваат во разматени јајца и презла или пченкарно брашно. На крај се пржат на загреано масло.