Мали штрудлички со афион, брусница.....
Брзи мали штрудлички.
Јас направив 3 штрудли, една само со фил од афион, една со фил од афион и брусница и една со фил од урда и јајца, за да се задоволат сите вкусови на домашните.
Прво во млакото млеко се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно.
Се промешува и нека се активира.
За тоа време во касерола се ставаат млекото, шеќерот, афионот, кората и ванила и се вари до згуснување.
Постепено се додаваат јогуртот, јајцето, солта, растопениот путер за да се замеси тестото.
Убаво сето се соединува со вилушка и се додаваат двата вида на брашно.
Се замесува средно тесто.
Се покрива со чиста крпа и нека кисни 15 минути.
Се дели тестото на 3 дела.
Секој дел се дели уште еднаш.
Се прават 3 купчиња со по 2 корички.
Првата коричка се премачкува со путер и врз неа се става втората кора.
Сега од првото купче се развлекува коричка со должина на мала ростер тава за печење.
Се премачкува со приготвениот и изладен фил.
Се витка ролатче и се става во тавата.
Второто купче и тоа се развлекува во коричка.
Се премачкува со афион филот, се посипува со брусница и се витка ролат.
Со третата кора исто се постапува а јас ја премачкав со фил од 1 јајце и 100 гр урда.
Вие како сакате може да се намачка и со мармалад.
Се премачкуваат со изматено јајце и се печат околу 30 минути на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани