Подготовка:

1. На крупната страна на рендето ја рендаме излупената тиквичка. Не ја процедуваме од течноста, туку ја ставаме во длабок сад. Додаваме јајце, младо сирење, брашно, пециво, ракија, зачини. Со лажица убаво ја соединуваме и изедначуваме цела смеса.
2. Во сад загреваме масло на умерен оган. Со помош на лажиче, земаме од смесата, ги спуштаме внимателно и ги пржиме уштипците од двете страни, да заруменат. Ги редиме на хартиени салфетки.
Како прилог може да се послужи сос од кефир, магдонос, сенф.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани