Намаз од тиквичка, младо сирење и семки од сончоглед
1. Во загреана тава ставаме малку масло и ја додаваме лупената и рендана тиквичка. Пржиме додека не испари течноста. Оставаме на страна да се излади.
2. Во нутрибулет ги ставаме семките од сончоглед и ги мелеме. Ги ставаме во сад, во кој го додаваме младото сирење, сол, бибер.
3. Испржената тиквичка ја ставаме во чашата на нутрибулет и додаваме маслиново масло и по желба лукче. Убаво соединуваме. Ова го додаваме кај претходните состојки. Соединуваме.
Сервираме во сад и попрскуваме маслиново масло, семки од сончоглед. Декорираме со ливчиња магдонос, ротквици...
Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите.
Послужуваме со добар аператив и добро друштво.
Лиценца: Сите права се задржани
Пробај ја, верувам дека ќе ти се допадне
Прекрасно се вклопи со останатото мезе, со ладна ракија.. Мммм
So merak podgotvuvav za moite najmili
Namazot e Sovrsen, Probaj go