Намаз од тиквичка, младо сирење и семки од сончоглед
Состојки
- 1 средна, млада тиквичка
- 3лажици полни младо сирење
- 1 младо лукче по желба
- 2лажици тостирани и мелени семки од сончоглед
- 2лажици маслиново масло
- Сол, бибер По желба и магдонос
Подготовка
1. Во загреана тава ставаме малку масло и ја додаваме лупената и рендана тиквичка. Пржиме додека не испари течноста. Оставаме на страна да се излади.
2. Во нутрибулет ги ставаме семките од сончоглед и ги мелеме. Ги ставаме во сад, во кој го додаваме младото сирење, сол, бибер.
3. Испржената тиквичка ја ставаме во чашата на нутрибулет и додаваме маслиново масло и по желба лукче. Убаво соединуваме. Ова го додаваме кај претходните состојки. Соединуваме.
Сервираме во сад и попрскуваме маслиново масло, семки од сончоглед. Декорираме со ливчиња магдонос, ротквици...
Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите.
Послужуваме со добар аператив и добро друштво.