Мали профитероли со ганаш
1. За тестото, ставете вода, путер и сол во мал сад и оставете да зоврие. Додадете го брашното и варете ја смесата додека не добиете топка. Изладете ја смесата малку, а потоа додадете едно по едно јајце. Измешајте ја смесата со електричен миксер додека не добиете мазна смеса.
2. Ставете го вареното тесто во кеса за шприцање, а потоа формирајте купчиња со големина на орев врз подмачкана тава. Печете во рерна загреана на 190 ° Ц 20 минути.
3. Испечени оставете ги да се изладат, па пресечете ги на пола.
За полнењето на оган загрејте ја слатката павлака, па додадете искршено чоколадо. Изедначете. Изладената смеса, ганаш, кратко изматете го со миксер.
Ганашот ставете го во шприц и наполнете ги профитеролите.
4. Во мал сад соединете ги слатката павлака и чоколадото, па декорирајте ги малите профитероли.
Попрскајте ги со шарени трошки.
Збелешка- секако дека може да ги правите и поголеми, јас ги сакам кога се мали, по едно залче....
Лиценца: Сите права се задржани