Мали пинерлии
Најпрвин ги направив јогурт кајзериците на pavloska, излегоа одлични, па воодушевена од тестото непланирано испаднаа овие мали пинерлии.
Значи, составот на состојките е од споменатите јогурт кајзерици, само количината е наполу и подготовката е со некои измени.
1. Во вангличе се просејува брашното, се дроби свежиот квасец, се додаваат останатите состојки и се меси меко тесто што не лепи. Според потребата се додава уште малку брашно.
2. Тестото се остава на топло да скисни и да се дуплира. Потоа тестото се рассукува во подебела кора 2.5-3 см. и се вадат кругчиња. Секое кругче се рассукува во издолжена коричка на која се става малку сирење, се завиткува во мало ролатче кое се завртува како полжавче.
3. Малите пинерлии се редат во плех од шпорет со хартија за печење, се премачкуваат со јајце, се посипуваат со сусам и пак се оставаат да скиснат.
4. Се печат на 200 степени 20-25 минути.
Јулијана, ти благодарам за рецептот за јогурт кајзерици кои редовно ќе ги правам, а на Лилјана и благодарам што ги спомна на средбата и ме поттикна да ги направам, па ете спонтано произлегоа и овие пинерлички.
Лиценца: Сите права се задржани