Мали залачиња од спанаќ, урда и пире од компир
Кога имаме остаток од пире спремено дома, со некои додатоци може да добијаме убава закуска.
Но денес не беше остаток од пире, туку посебно сварен компир.
И во двата случаи вкуот е убав.
Во сад се става вода да зоврие и се додаваат листовите исчистен спанаќ.
За една минута се вадат, се мијат со ладна вода и се ставаат во цедалка да излезе вишокот на течност.
Сега се лупи компирот 1-2 во зависност од големината и се вари.
Се пасира, се додава исецканиот спанаќ, јајцето, пармезан, урдата, зачините и онолку презла колку што е потребна за да се формираат бомбици.
Може да се додадат и сецкани перца од млад кромид.
Количината на презла зависи од самиот компир.
Мене ми беше доволно една лажица.
Формираните бомбици малку се сплескуваат со рака, се валкаат во изматено јајце и во мешавината од презла, сусам, пармезан.
Се редат во ростер тава за печење и се печат околу 25 минути на 190 степени да заруменат.
Сервирајте со кисела павлака.
Во овој случај нема пржење во маснотија.
Лиценца: Сите права се задржани