Испечати

Мали залачиња од спанаќ, урда и пире од компир

Мали залачиња од спанаќ, урда и пире од компир

Состојки

  • 1 поголем варен компир( или остаток од пире)
  • 150гр спанаќ-чист
  • 120гр урда
  • 1 лажица презла
  • 1 јајце
  • 1 лажиче пармезан
  • сол, бибер, морско оревче, на врвот на ножот пециво
  • за валкање
  • 1 јајце
  • мешавина од презла, сусам, пармезан по потреба

Подготовка

Кога имаме остаток од пире спремено дома, со некои додатоци може да добијаме убава закуска.
Но денес не беше остаток од пире, туку посебно сварен компир.
И во двата случаи вкуот е убав.
Во сад се става вода да зоврие и се додаваат листовите исчистен спанаќ.
За една минута се вадат, се мијат со ладна вода и се ставаат во цедалка да излезе вишокот на течност.
Сега се лупи компирот 1-2 во зависност од големината и се вари.
Се пасира, се додава исецканиот спанаќ, јајцето, пармезан, урдата, зачините и онолку презла колку што е потребна за да се формираат бомбици.
Може да се додадат и сецкани перца од млад кромид.
Количината на презла зависи од самиот компир.
Мене ми беше доволно една лажица.
Формираните бомбици малку се сплескуваат со рака, се валкаат во изматено јајце и во мешавината од презла, сусам, пармезан.
Се редат во ростер тава за печење и се печат околу 25 минути на 190 степени да заруменат.
Сервирајте со кисела павлака.

Во овој случај нема пржење во маснотија.