Матнакаш - Ерменско лепче
Ова е традиционален Ерменски леб кој го нарекуваат Матнакаш.
- Направете каша од брашното, водата и малку сол.
- Замесете тесто од сите состојки, но притоа зависно од брашното ставете прво 350 мл. вода, ако е потребно додадете ги преостанатите 50 мл. Домесете со маслото. Оставете да стаса.
- Стасано тестото поделете го на два еднакви дела, оформете топче, ставете го во тавката која со масло е подмачкана и во која ќе се печи, покријте го и оставете повторно да стаса. Откако е стасано по вториот пат премачкајте го тестото со масло и со раце расплескајте и оформете круг. Со прстите оформете од крајот венецот на питката топејки ги рацете во смесата од брашно и вода, потоа внатре направете ја бродурата...исто така топејки ги прстите во смесата. Оставете повторно да стаса околу 10 мин. Повторно со прстите кои ќе ги натопувате во сместа од брашно и вода поминете низ веќе поставената бродура. Истото го правите и со другиот дел од тестото.
- Се пече во претходно загреана рерна на 220 степени околу 20 мин.
- Печено извадете ставете на решетка да се лади покриено со крпа.
Напомена
- На мене ми се допаѓа ова лепче и кога ќе растворам сода бикарбона во вода, ставам малку и сол... исто така можете да користите и сурутка. Шмекасто лепче е кога ќе користам наместо кашата од брашно и вода ги топам рацете во сурутка... Одлично.. Јас ви го напишав оригиналниот рецепт, а вие можете како мене да менувате премазот. Секако дека е добар и овака како погоре напишано.
- Го печев лепчето секое засебно бидејки не сакав да ми се залепат. Значи во две тавки ги поставував на хартија за печење.
Лиценца: Сите права се задржани