Макарони со фил од модар патлиџан - ундиета ЈХ ден (посно)
Брзо и лесно, посно, совршено за диета :)
Во длабок сад наполнете вода и ставете го на оган водата да зоврие. Штом зоврие водата додадете ги тестенините и намалете го огинот. Варете според упатството на кесичката.
Печениот и излупен модар патлиџан исечете го ситно или испасирајте го со блендер. Во подлабоко тавче на оган (јас ја користам длабоката тава со рачки на Делимано) ставете малку масло или премачкајте го дното. Нека се загрее убаво, па ставете го исецканото или испасирано лукче да се пропржи. Кога убаво ќе замириса, додадете го модриот палиџан. Мешајте и пропржете ги заедно додека да подиспари течноста. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Исцедените макарони убаво измешајте ги со сосот од модар патлиџан, наросете сув босилек или оригано.
Ако немате време или за побрза варијанта, пропржете малку малиџано и измешајте го со макароните.
Оние кои не постат или не се на диета, може да додат малку рендано сирење.
Пријатно јадење и лесни пости и диета :)
Лиценца: Сите права се задржани
кога си гладен и имаш мерак за вкусно, идеи сами доаѓаат. во името на вагата, салото и купачите на лето, мора да се едноставни и не прекалорични :) :) :) :)