Макарони со болоњезе сос
Брз и лесен оброк кој може да се направи спонтано штом ги имате потребните состојки. Секако, дел од состојките и зачините се додаваат или одземаат според сечиј вкус индивидуално.
1. Макароните се варат по упатството ,,ал денте“ односно 9 минути и се цедат.
2. Доматите се мијат, им се лупи лушпата, се сечкаат на коцки, се пржат на тивко додека станат како сос.
3. Пред 5 минути пред да биде готов доматниот сос, 20 гр. односно 1/2 од ќесичката Фант сос болоњезе, се става во 150 мл. млака вода и се вари околу 5 минути на тивок оган со непрекинато мешање.
4. Кога болоњезе сосот е готов, се става во доматниот сос, се меша уште некоја минута да се изедначи смесата и се полева врз веќе исцедените и во сад сервирани макарони.
5. Одозгора се става сирењето на коцки, чери доматите, магдоносот, се наросува со оригано, по вкус се додава сенф.
Додадете се она што обожавате да јадете со тестенини, но оваа комбинација на нас дома ни се допаѓа многу. Овој пат направив со макарони, а секако не помалку е вкусно и со шпагети.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани