Модрите патлиџани испечени на скара или на грил тава се ставаат во ќеса и се оставаат да се оладат околу 30 минути. Се лупат и се оставаат да се исцедат малку од течноста. Се пасираат со вилушка. Се посолуваат се додава пасираното лукче, сосот од домати, павлаката, коријанерот и се убаво се меша. Кога ќе се добие хомогена смеса се сервира и се служи како прилог, макало со крекери или тортила чипс.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови