Испечати

Макало од модри патлиџани и коријандер

Макало од модри патлиџани и коријандер

Состојки

  • 2 модри патлиџани печени
  • 2 лажици доматен сос
  • 3 лажици павлака
  • 1 чешне лук испасирано
  • 1 лажиче коријандер, свеж или во прав
  • 2 лажици ладно цедено маслиново масло

Подготовка

Модрите патлиџани испечени на скара или на грил тава се ставаат во ќеса и се оставаат да се оладат околу 30 минути. Се лупат и се оставаат да се исцедат малку од течноста. Се пасираат со вилушка. Се посолуваат се додава пасираното лукче, сосот од домати, павлаката, коријанерот и се убаво се меша. Кога ќе се добие хомогена смеса се сервира и се служи како прилог, макало со крекери или тортила чипс.
Добар апетит!