1. Од наведените состојки се замесува меко тесто, убаво се измесува и се остава да одмори 15-20 мин..

2. Се работи на намрсена маса. Се дели на 6 дела. Секој дел на 2. Значи се добиваат 12 топчиња. Секое се расукува колку плитко тањирче, се премачкува со по малку омекнат маргарин, се става одозгора друго расукано топче и се премачкува со масло.Се добиваат 6 поголеми дела од кој ќе се формираат 6 кори.Јас наполнив тава со пречник 36 см. и уште 6 мали мазничиња, како на дополнителната фотографија.

3. Треба да отстојат 30 мин, а потоа се развлекуваат на чаршав. Краевите се откинуваат и од две кори повторно се месат и обликува топче, го расукуваме колку плитко тањирче, го мрсиме одозгора и оставаме да отстои, па го развлекуваме и него.

4. Маргаринот што ни остана од премачкувањето го топиме и додаваме масло околу 200мл. и од тоа мрсно ја попрскуваме развлечената кора и прскаме со фил.Ја роламе кората и ставаме во тава. Одозгора убаво намрсуваме.Од мрснотијата може и да остане, значи по потреба прскаме, да не биде многу, туку умерено.

5. За филот го пржиме ситно сецканиот праз со масло и малку сол, го додаваме месото, пропржуваме, па ги додаваме зачините и млекото. Убаво да прокрчка и се трга од оган. Празот му дава посебен вкус и шмек.

6. Се пече во загреана рерна на 220 убаво да добие боја, па намалуваме на 200. Вкупно околу 35 мин. Убаво да има боја и одоздола кога ќе поткренеме со вилушка.

 

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани