Морам да признаам дека не сум многу вешта во тегнење на мазници и сум почетник, па затоа постојано и испробувам начини како би дошла до најдобриот, односно да не ми се кине во тегнењето хех
Овој рецепт прв пат го правев, ама се покажа доста успешен и мазникот е многу вкусен.
Најпрво го месиме тестото, односно брашното, солта, шеќерот, киселината и маслото ги ставаме во еден сад и додаваме постепено вода додека не измесиме убаво меко тесто.
Количината на водата зависи и од самото брашно, за некое треба повеќе за некое помалку.
Откако ќе го измесиме тестото правиме неколку исти топчиња и ги сукаме во големина колку една плитка чинија за ручек што ги користиме.
Го растопуваме маргаринот во мегувреме и во истиот сад кај што е маграринот додаваме и малку масло и секоја од корите ги потопуваме убаво во течноста, потоа ги ставаме една на друга во чинијата и од горе повторно ставаме од мешавината на растопен маргарин со масло.
Ги покриваме со најлонска фолија и оставаме така да стојат околу 30на минути.
На чаршав наросен со брашно ги тегнеме корите една по една и не ги фрламе краевите туку ги виткаме навнатре, наросуваме од изварката и ја виткаме кората.
Така правиме со секоја кора.
Ги ставаме во намрсена тепсија и од горе го попрскуваме мазникот со остатокот од маргарин и масло.
Печеме околу 20на минути во загреана рерна, додека не порумени убаво мазнкот.
Откако ќе се испече го покриваме со влажна крпа да подомекни малку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови