Мадеира колачи
За тестото, најпрво измешајте го брашното со шеќерот во прав, па потоа измесете го путерот. На крај, додадете ја жолчката и формирајте глатко тесто. Расплескајте го во правоаголна или коцкеста плочка, завиткајте го во стреч фолија и оставете го во фрижидер повловина до час време.
На набрашнета површина тенко развлечете го тестото, 3 мм и со ракиено чаше вадете форми. Формите се многу тенки, така да, за пренесувањето во плехот за печење можи да се послужите со тенко ноже поткревајќи ги одоздола. На тој начин нема многу да се изобличат.
Печете на 160Ц 5 мин.
За филот, зовријте го шеќерот со водата. Додадете ја ванилата, па оревите и мелените бисквити. Се добро измешајте.
Со овој фил се лепат по 2 колачиња. Во изворниот рецепт (јас не сакав тоа) вели дека можи во филот да си додадете по вкус и цимет, рум и/или кора од лимон. Како испечените колачи имаат неодолив вкус на путер, јас сакав вкусот само со орев, чоколадо и кокос да биди.
Растопете ги состојките за чоколадна глазура и облепените колачиња глазирајте ги по ивиците на споениот дел, а потоа веднаш извалкајте ги во кокос. Оставете да исушат и потоа уживајте во нив.
Лиценца: Сите права се задржани
http://en.wikipedia.org/wiki/Madeira_wine