22
јул
2014
Лубенички
Сите состојки од првиот дел се матат со миксер. Смесата се дели на 2 дела и во едниот се додава црвена боја. Се прават по 4 топчиња од двете смеси и се ставаат во замрзнувач убаво да се здрват.
За тоа време состојките од зелениот фил убаво се месат и се делат на 8 топчиња.
Секое топче од зелениот дел се сплескува и во него се вметнува црвено или жолто топче кое потоа рамномерно се обложува со зелената смеса додека не се оформи поголема топка.
Повторно ги ставаме во замрзнувач убаво да се здрват.
Пред служење секое топче се сечи на осминки и по желба се украсува со точки од стопено црно чоколадо или чоколадни трошки за да изгледа како семки.
Лиценца: Сите права се задржани