Лиснато пециво со сирење и власец
Интересни се....
- Во садот во кој ќе месите згмечете го сирењето и путерот (зависно што ќе изберете) но од него претходно тргнете настрана околу 50 гр. или зацрпете една голема лажица.
Додадете ги насецканиот власец, солта и биберот. Во вака добиената смеса додадете го брашното и замесете тесто кое е густо и лепливо.
- Расукајте кора на побрашнета површина, премачкајте со путерот, преклопете ја кората, повторно намачкајте и повторно преклопете, се така додека да го потрошите путерот кој веќе е тргнат на страна. Ставете го вака здипленото тесто во кеса и оставете во фрижидер да одстои преку ноќ. Следниот ден расукајте го повторно на побрашнета површина во дебелина од околу 1 см. со модла вадете ги формите или едноставно само со остар нож исечете го на коцки. Премачкајте ја секоја погачка со јајцето, а слободно посипете со сусам или микс на семиња. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15-20 мин.
Напомена
- Јас тестото го расукав во потенка кора, го премачкав со путерот, го преклопив од двете страни, премачкав и пак преклопив - добив форма на книга.... така го спакував да преноки.
Лиценца: Сите права се задржани
Пастел еве ти една фотка може ке ти текне што е ,мене ми има вкус на млад кромид ама е поделикатен,го обожавам.Лилјана одлично пециво ќе се проба.
како мит и легнеда ми е, вие го зборите, јас не сум сигурна дека постои :) :) :) :)