Лиснати ролнички
Квасецот се става со шеќерот и млакото млеко да стасува.
Брашното се просејува, се додава солта и со стасаниот квасец и млекото се меси тесто. Кон тестото седодава и зејтинот и се меси додека се добие мазно тесто.
Тестото се премачкува со зејтин и се покрива со крпа па се остава да одмори околу 30 минути.
Одкако ќе се одмори, ќе стаса се зема дел од тестото се изработува повторно и се расукува тенка кора- околу 3мм и се мачка со маргарин.
Кората се сече на ленти со ширина од 2цм по должина. Секоја лента се завиткува, се рола, а потоа се реди легната на плехот. Малку со раце се расплескува и се оставаат во плех на хартија да стасаат Одкако ќе стасаат ролничките се премачкуваат со јајце и се печат на 200степени околу 15-20 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
alksovska,Klara i Lile fala vi :):);)