Лиснати коктел кифлички со тиква
Тиквата ја миеме, сечеме и чистиме од семките.
Ја печеме во рерна.
Кога е печена ја оставаме да излади, па ја двоиме од лушпата.
Мериме да има 300 гр и ја пасираме како пире.
Во сад квасецот го растопуваме со млекото.
Млекото нека е млако.
Додадете ја и жолчката.
Додаваме масло и пирето од тиква.
Сето тоа го мешаме со дрвена лажица и со едната рака додаваме брашно во кое претходно измешавме пециво, сол и шеќер.
Брашното го сееме со сито дирекно во садот.
Замесуваме меко тесто.
Брашното е пишано 600 до 700 грама, затоа што не знаеме дали тиквате е поведлеста или не.
Оставаме да се дуплира тестото.
Откако е дуплирано го размесуваме на набрашнета површина и расукуваме кора со дебелина од 0,5 см. Ја мачкаме цела кора со растопен путер, па ја диплиме како пакетче.
Пример имате на помошните слики.
Откако ја завиткавме кората, повторно ја расукуваме и ја сечеме на 3 ленти.
Од лентите сечеме квадрати кои ги преполовуваме на тријаголници и ги виткаме мини кифличките.
Тавата нема потреба од мачкање но можете да печете и на хартија.
Премачкајте ги кофлите со белка и посипете сусам по вкус.
Печете додека не поруменат.
Оставете да изладат и пробајте.
Вкусот е одличен, а средината мека и воздушеста.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови