
16
окт
2012
Лисната пита со печурки
Печурките исечете ги на тенки листови и ставете ги во тава со загреано масло.
Додадете сол и нека се пржат се додека не испари течноста што ја пуштиле печурките.
Потоа додадете ги магдоносот и биберот и тргнетеги на страна да оладат.
Со вилушка изматете ги јајцата и павлаката и заедно измешајте ги со печурките.
Во тавче (26) со хартија за печење ставете го лиснатото тесто, избоцкајте го со вилушка, турете ја подготвената смеса од печурки и краевите малку свиткајте ги.
Се печe 30-40 мин. на 180 С.
Послужете ја топла.
Лиценца: Сите права се задржани