Кратер е вистински.
 
- Најпрвин сварете го пудингот со ванила шеќерот. Ако сакате додадете шеќер и по упатствата на самиот пудинг, оставете скроз да се излади.
- Одделете ги жолчките од белките. Сматете ги белките во снег и тргнете ги настрана.
- Изматете ги жолчките со шеќерот, додадете ги млекото и зејтинот, кратко промешајте, додадете го брашното во кое сте измешале какаото и пецивото, измешајте, додадете ги сматените белки, повторно измешајте да се смесата спои. Вака добиената смеса истурете ја во плекче во големина од 30х20. Врз смесата со голема лажица црпете од ладниот пудинг и распоредете го врз смесата ставајки лажица по лажица, да не го рамните, како ќе го ставите така нека си остане.
- Ставете да се пече од 30 до 40 мин.,во предходно загреана рерна на 180 степени.
- Додека се пече вие измешајте ја павлаката со шеќерот.
- Кога ќе е печен колачот, за кратко извадете го од рерната, прелејте ја павлаката одозгора и вратете повторно во рерната нека се подпече - околу 10-тина мин.
И тоа е. Кратко, јасно, а вкусно, па можам слободно да кажам несекојдневно перфекто благце.
Уживајте,
Линда - Поздрав!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани