Лимон пита со готови кори и шербет
Во овие летни горештини ви предлагам една лесна и освежителна пита. Иако е поливана со шербет, лимонот овде е во главна улога.
- Искинете ги корите на парчиња - не многу ситни.
- Со мискер изработете ги јајцата со шеќерот, додадете го зејтинот, јогуртот и пецивото. Нека се целото тоа добро спои. Додадете рендана кора од едниот лимон - сега ставете корите и со лажица измешајте да се истите спојат со смесата.
- Истурете ја смесата во подмачкано и со брашно посипано тавче 20х30 см.
- Печете 30 мин. на 150 степени.
- Ставете во касеролата шеќерот и водата, нека проврие само колку да се стопи шеќерот, додадете го сокот од двата лимона и тргнете нека се олади.
- Врз испечената пита веднаш истурете го оладениот шербет.
Препорачувам да го послужите сосема оладен. Пресекот тогаш е мнооогу поинтересен. Ова што го гледата на сликата е парче исечено веднаш по поливањето - бевме многу нестрпливи.
Можете да печете и во мали модли и да секое парче си биде посебно, како сакате, јас да предложам.
Лиценца: Сите права се задржани