Ликер Вишновка
Мерките се варијабилни и се подесуваат спрема вкусот на конзументот, затоа ги има од-до. Тоа зависи колку сакате да ви е јак вкусот на ликерот и колку благ да биди. Јас сум повеќе за одокативното-помеѓу.
Едноставно, имате вишни при рака и сакате ликер да направите.
Во празното шише ставате цели зрна вишни најмногу до неговата четвртинска одокативна зафатнина. Врз нив ставате исто толку шеќер, а ако сакате да не вие благо толку, сведете го шеќерот и до 1/3 од зафатнината на шишето. Не е страшно плус-минус, ликерот секако успева. Остатокот од празнината на шишето дополнете ја со ракија. Протресете и заборавете го на сончев прозор 40 дена. Ништо страшно ако одстои и повеќе, толку поубаво.
Кога е готов, вишните не мора да ги вадите, нека седат.
Во врска со вишните, прашав искусни домаќинки кои редовно го прават-можи да се направи и со смрзнати вишни.
Па, еве, да наздравам и во ваше здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
А јас реков годинава ќе правам ваков ликер. Најмногу ги сакам вишните!
Инаку сеуште имам од истиот тој ликер, ама се чува :)
http://www.youtube.com/watch?v=0O3PHb84bRg