Крофни со овошен јогурт од вишна и ликер вишновка
ВО топлото млеко ставаме лажиче шеќер, лажиче брашно и квасец.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Во вангличка ги соединуваме остатокот од шеќер, ликерот, сол,путер, овошен јогурт, јјаце.
Ова може убаво кратко да се соедини и со миксер, па постепено да се додава брашно.
Ќе се добие по малку лепливо тесто.
Го покриваме со чиста крпа и оставаме да се дуплира.
Потоа ја набрашнуваме работната маса и го истураме тестото од вангличката.
Нежно набрашнуваме одозгора и развлекуваме кора.
Со набрашнета чаша вадиме форми, кои ги редиме на чиста кујнска крпа.
Нека одморат 30 минути.
Потоа на умерен оган ги пржиме од двете страни.
Ги редиме на хартиени салфети.
По желба декорираме со шеќр во прав, растопено чоколадо, ...
Лиценца: Сите права се задржани
Ti blagodaram
Preubavi bea