
Леќа со праз, кромид, домати и морков (посно)
Во тенџере ставете малку масло, ставете во него да се пропржи малку исецканиот
 кромид, потоа додадете го исецканиот праз (белиот дел и малку од зелениот). Нека се
 пропржат заедно. Потоа додадете го изренданиот морков, заедно се пржи или на тивко
 динста додека омекне морковот. Потоа се додава измиената леќа и нека се динста околу
 5 минутки. Се додаваат доматите (значи може рендан домат, сос од домат), пиперката,
 црениот пипер, биберот, сувиот зеленчук и сол, малку од магдоносот, лукот, се меша, се
 залива со топла вода зависно колку сакате да биде густа леќата. Поклопете со капак -
 оставете да се вари на тивко. Тргнете и додадете го останатиот магдонос.
 Ние ја сакаме густа леќата и така ја приготвувам со помалку вода, а вие прилагодете
 според ваш вкус - ако е поретка - одлична чорба е. Лук ставете според ваш вкус. Можете
 наместо сувиот зеленчук да ставите коцка зеленчуков бујон.
 Оваа леќа може да се приготвува и само на вода - без да користите масло. Тогаш
 постапката е така што ќе го ставите прво кромидот и ќе додадете малку вода, се динста
 некое време, потоа редоследно како што е погоре напишано повремено подлевајки со
 вода за да на крај додадете толку колку што сакате и нека се довари


















