Подготовка

Се замесува од сите состојки за тесто убаво меко нелепливо тесто. Се расукува со хартија низ цел плех од рерна.
Се премачкува со мармалад од кајсии.
Врз него се става филот од путерот кој заедно го ставаме со водата и шеќерот да зоврие да се растопи шеќерот. Се трга од шпорет и се додаваат лешниците. Сето ова се истура врз мармаладот-колачот.
Се печи на 175С 25мин.
Оладено се сечи на 7х7см, а потоа на триаголници. Се глазираат со чоколадо и малку масло,растопено на пареа или на многу тивок оган.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови