Многу освежителна, многу брза за подготовка, лесна чорба која е мој предлог, за што на повеќе начини да се искористат тиквичките кои ги има веќе во изобилство на пазарите.

Начин на подготовка
На малку загреано маслиново масло се пропржува исецканото кромидче, се додава ренданиот морков, па ренданото тикве и се запржува 4-5 минути.
Се налива водата, зачините и фидето.
Се остава да врие 7-8 минути.
Се трга од оган.
На страна се соединуваат јајцето, сокот од лимон и јогуртот
Во тенок млаз се тураат во супата.
И готово за 10 минути имате вкусна чорбичка

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани