
28
апр
2017
Лесна салата со тиквички
Подготовка:
Измиената тиквичка ја сечкаме на тенки ленти. Ги пропржуваме во тава во која додаваме 2-3 капки масло, додека не добијат жолтеникава боја. По желба посолуваме. Во еден сад ги соединуваме киселата павлака, крем сирењето, младото лукче и зачините. Кремот кој ќе го добиеме го ставаме во сад за послужување. Одозгора ги ставаме лентите тиквички кои претходно ги виткаме во ролнички. Декорираме со малку бибер и магдонос.