Лесна торта со цреши
Вака слично украсена тортата видов на интернет, па си обмислив рецепт за лесна торта која беше вистинско освежување, а како украс искористив парче фондан и цреши.
Подготовка
1. Млекото го ставаме да зоврие, а за тоа време во еден сад ги мешаме пудинзите, брашното и шеќерот. Кога млекото почнува да врие ја истураме смесата и мешаме додека да се згусне. Го оставаме да се олади. Путерот заедно со шеќерот во прав пенасто го матиме, па го соединуваме со изладениот пудинг.
2. За тестото прво ги матиме јајцата со шеќерите да се дуплира смесата. Ги додаваме брашното, какаото и пецивото кои претходно сме ги измешале, истовремено со млекото и маслото. Во калап за торта или тавче бр. 20 обложено со хартија за печење ја истураме смесата и ја печеме на 200 степени околу 20 минути. Ја оставаме да олади.
3. Ги чистиме црешите од семки.
4. Пандишпанот го сечеме на две половини. Едната ја премачкуваме малку со фил, ставаме половина од црешите, повторно ставаме фил, пак цреши и поклопуваме со втората половина од пандишпанот. Треба да потрошиме малку повеќе од половина од филот односно да ни остане да ја премачкаме цела торта.
5. Ја премачкуваме целата торта со фил, наросуваме чоколадни трошки и ја украсуваме со фондан и цреши. Ја оставаме малку да олади во фрижидер, како и да се спојат вкусовите.
Забелешка
Доколку ви треба поголема торта, во тој случај зголемете ја дозата на состојки. На пример ако печете во тавче број 26 треба дупло да ги зголемите состојките.
Лиценца: Сите права се задржани