
Леб од мешавина на брашно и сончоглед
Се мешаат сувите состојки, без активирање на квасецот, се додаваат останатите и со водата се замесува меко тесто. Убаво се изработува, се меси најмалку 10 мин..
Се остава на топло да дуплира волумен, околу 45 мин..
Уште еднаш се премесува и повторно да стаса.
Се размесува, обликова.
Се кисни 45 мин..
Се премачкува со малку мед растворен во топла вода и се наросува со малку сончоглед, а околу 80 гр. одат внатре при замесувањето.
Се печи во загреана рерна на 200 околу 40 мин..
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
одлично лепче