Леб од мешавина на брашно и сончоглед
Состојки
- 250 гр. интегрално ржано брашно
- 125 гр. интегрално пченично брашно
- 125 гр. бело пченично брашно
- 10 гр. сув квасец
- 1 прашок за пециво
- 2 лажичиња мали - сол
- 100 гр. лупен сончоглед
- 1 лажица мед
- 1 лажица масло
- 400 мл. топла вода за месење
Подготовка
Се мешаат сувите состојки, без активирање на квасецот, се додаваат останатите и со водата се замесува меко тесто. Убаво се изработува, се меси најмалку 10 мин..
Се остава на топло да дуплира волумен, околу 45 мин..
Уште еднаш се премесува и повторно да стаса.
Се размесува, обликова.
Се кисни 45 мин..
Се премачкува со малку мед растворен во топла вода и се наросува со малку сончоглед, а околу 80 гр. одат внатре при замесувањето.
Се печи во загреана рерна на 200 околу 40 мин..
На здравје!