
Ледени коцки
Кора
Скршете ги јајцата, одвојте ги жолчките од белките, а потоа белките изматете ги со шеќерот додека да добиете цврста пена. Додајте ги белките, брашното и какаото, изедначете ја смесата и сипете ја во намачкан плех, што сте го премачкале со масло и поросиле со брашно. Печете ја кората 15-20 минути на 180 степени.
Сируп
Сипете 300 гр. шеќер во тенџере додавајќи 200мл. вода и ванилата и сварете го сирупот, па потоа готовата кора прелијте ја со сирупот.
Крем
Од литарот млеко одвојте 200 мл., и во тоа додадете ги измешаните брашно и густин додека да се изедначи смесата, и ставете ја во провриеното млеко во кое претходно сте додале шеќер и ванила. Сварете го кремот и оставете го да се излади. Изматете го маргаринот и додајте го во изладениот крем и филувајте со кремот и најгоре глазурата. Добро изладете пред да сервирате. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани