Ледени коцки со слатка павлака и ѓумбир
1. Јајцата и 5 лажици шеќер ги матиме со миксер . Додаваме 5 лажици брашно, ѓумбир, пециво и какао и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во претходно намрсен и набрашнет правоаголен плех и печеме 20 минути на 200 степени.
2. Млекото со преостанатите брашно и шеќер ги зовриваме не прекинато мешајки со жица, додека кремот ја добие потребната густина.
3. Путерот и шеќерот во прав ги матиме со миксер и ги додаваме во изладениот крем и повторно ги матиме додека филот не се соедини. Со филот го премачкуваме изладениот пандишпан во тавата.
4. Ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната густина и нанесуваме врз филот.
5. Чоколадото заедно со маслото ја топиме на тивок оган и ја нанесуваме врз колачот, ја шариме со вилушката и ставаме да се излади.
Пријатен апетит :)
Лиценца: Сите права се задржани