Леб со пиво и тиквичка (посно)
Еден интересен рецепт и уште еден начин како да ја искористиме тиквичката. Оваа варијанта е посна, но може да ја смените тиквичката со сирење и парчиња сланина и да имате мрсно убаво лепче.
1. Тиквичката изрендајте ја на крупната страна, посолете малку и оставете да ја испушти течноста.
2. Во друг сад ставете го брашното, пецивото, солта и шеќерот и промешајте. Потоа додадете ја убаво исцедената тиквичка и промешајте за да се распореди низ брашното.
3. Постепено додавајте го пивото и мешајте со лажица (лебот не се меси) додека добиете густа леплива смеса (на сликите подолу).
4. Смесата убаво распоредете ја во калап за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С. Проверете по 5-10мин и ако има убава кора и боја, намалете на 180С, покријте со алу фолија ако има потреба и продолжете со печење 30-35мин. во зависност од висината на лебот. Проверете со чепкалка дали е готово.
Оставете малку да се излади па послужете се.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
И јас бев скептик од прво, зошто прв пат и го правам ... па така состојките се пишани колку што употребив (отприлика половина доза ќе дојде) ... ама пријатно ме изненади, остана меко неколку денови баш како што кажа Албетина.
Кларич не чекај ич, од пазар 1 тиквичка и завршена работа :)))