23
јун
2020
Леб со ленено семе и лупен сончоглед
Превкусен леб кој додека беше топол се изеде цел. Толку малку состојки а толку здрав и вкусен леб.
Во сад измешајте го брашното, квасецот и солта, додајте ги семињата.
Додајте ја водата измешајте, покријте го со прозирна фолија и оставете го 12-18 часа. (не е проблем и да е повеќе)
Потоа, земете го тестото рацете нека ви бидат набрашнети за да е ви се лепи и формирајте топка, без многу месење.
Во садот каде че печете, ставете хартија за печење и печете на 200 степени околу 45 мин, додека да добие златна боја.
Оставете да се излади и пресечете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови