10
дек
2014
Печен лупен сончоглед во микро
Ова не е некој рецепт. Досега никогаш не сум го печела лупениот сончоглед или го користам во подготовка на соленки или така за грицкање. Скоро го дознав и ни се допадна, па од тогаш многу често го правам. Иако не е некој изум и рецепт сепак можеби и некој друг не знае ( како мене ), па ќе му се најде.
мерките се пишани отприлика.
1. Сончогледот го ставаме во плиток сад кој не го преполнуваме.
2. Врз сончогледот попрскуваме со вода, јас тоа го правев со рака, ќе земам по малку вода во раката и ќе попрскам неколку пати.
3. Посолуваме.
4. Садот го ставаме во микробранова. Печиме 4 - 5 минути на најака температура
Лиценца: Сите права се задржани
супер финтица е :)