За овој рецепт - превкусно летно освежување, ќе ви бидат потребни само две празни тегли, или ако имате миксерче за кафе, уште подобро. Го најдов на интернетов и навистина е полн погодок за љубителите на какао.

Подготовка:

1. Во едната тегла го ставив какаото во прав заедно со медот, две коцки мраз и две лажици ладна вода.
2. Цврсто ја затворив теглата и ја исклацкав додека да добијам течна чоколадна смеса.
3. Во втората тегла ставив млеко и 7-8 коцки мраз. Повторно исклацкав за да добијам млечна пена.
4. Во поголема чаша ја истураме прво млечната смеса, а потоа ја додаваме какао смесата.
5. Најгоре ставаме шлаг и декорираме по желба.

Ова е за една чаша пијалок, на кој ќе му се допадне може да си повтори колку сака. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови