Ладно пилешко со сос од сусам
Еве еден класичен рецепт од кинеската кујна. Брз, едноставен, а превкусен.
Подготовка
Пилешките гради измијте ги под млаз ладна вода и ставете ги да се варат на умерена температура во посолена на вода. Откако ќе се сварат оставете ги во водата да се изладат. За тоа време подгответе го сосот.
Сусамот испечете го тавче да добие златно-жолта боја. Претурете го во еден сад и оставете да олади. Истолчете го во аван или пак сомелете го во машинка за мелење. Додадете го соја сосот, маслото од сусам и шеќерот. Доколку смесата е многу густа додадете вода. Јас додавам околу 3-4 лажици вода. Оставете на страна.
Краставицата убаво измијте ја, пресечете на половина по должина и извадете и ја срцевината. Исечете тенки ленти со должина отприлика од 10см. Јас тоа го правам со ноже за лупење компири. Чили пиперчињата истолчете ги или исечкајте ги на ситни парчиња.
Во една вок тава ставете го сусамовото масло и оставете убаво да се загрее. Додадете ги чили пиперчињата и пржете додека да замирисаат. Додадете ги сега лентите од краставица, побиберете и пржете 2 минути на висока температура со често промежување. Ставете ги лентите во тањир и оставете да се изладат.
Пилешкото месо исечете го или искинете го на ленти.
Во тањир, ставете најпрво од краставиците, врз нив пилешкото месо и натурете од сосот од сусам.
Превкусно ладно предјадење, мое омилено!
Реков дека ова е класично кинеско предјадење, ама јас го спремам и како главно јадење. Не чекам да се излади туку го сервирам топло со ориз во прилог. Едноставно превкусно!
Лиценца: Сите права се задржани
Fala vi na komentarite :-)